Радио Милева

Kaролина Гочева не ни претпостави дека ќе добие вакво пријатно изненадување на концерт во Хераклеа (видео)

Kaролина Гочева не ни претпостави дека ќе добие вакво пријатно изненадување на концерт во Хераклеа (видео)
фото: андими.фотографи

Пандемијата со корнавирусот кој веќе неколку месеци владее во светот ги остави естрадните уметници без работа, барем оние на кои примарна професија им е пеењето, па така пејачите веќе подолг временски период се без настапи.

Меѓутоа, тие преку социјалните мрежи најдоа начин како да ја забавуваат публиката, одржуваа концерти, се вклучуваа во живо.

Но, откако олабавија мерките за заштита од корона, полека започнаа да се одржуваат културни манифестации на отворено и со почитување на одредени препораки.

Имено, босанската пејачка на севдахот Амира Медуњанин одржа несекојдневен концерт во античкиот локалитет Хераклеа во Битола.

Maкедонската пејачка Каролина Гочева беше дел од публиката, но доби вистинско пријатно изненадување кога Амира ја покани да се појави на сцената и заедно да запеат.

„Завчера во Хераклеа @amira_medunjanin ме повика на сцена заедно да отпееме неколку песни. Како што може да видите, не очекував да се појавам во улога на изведувач вечерта Амира, прекрасно беше, те чекаме пак!“, напиша македонското девојче во опсиот на фотографиите со Амира.

Во продолжение слушнете како звучи „Македонско девојче“ во изведба на Каролина и Амира.

 

фото: ивона кочов

Останати вести од Радио Милева