Радио Милева

Kaролина Гочева доби повик од Белград и замина на адресата кај овој познат пејач (фото)

Kaролина Гочева доби повик од Белград и замина на адресата кај овој познат пејач (фото)
фото: Инстаграм

Ако поголемиот дел од српската естрада доаѓа на скопска адреса, поточно во студиото на Дарко Димитров од каде што излегуваат голем број на хитови, македонските пејачи одат во Белград за да гостуваат во разни емисии, промоции, концерти или пак да издадат некоја песна.

Имено, многу македонски кандидати заминуваат во „Гранд“ во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, или пак некои познати имиња издаваат песни за добро познатата продукција и гостуваат во нивни емисии.

Македонското девојче со одлични вокални способности, Каролина Гочева знае  да замине во Србија каде што гостува во разни емисии.

фото: принтскрин/инстаграм/каролинагочева

Меѓутоа, деновиве Карол ги спакува куферите и замина во српската престолина на повик на нејзиниот колега Жељко Јоксимовиќ кој отвара телевизија.

Како што пишуваа неодамна српските медиуми, Јоксимовиќ отвара три нови кабловски телевизии – К1 студио, Стајл Фајл и ТВ ДР. Сите три телевизии припаѓаат на фирмата „Минакорд медиа“, која Јоксимовиќ ја формирал на 17 мај оваа година.

Според пишувањата на Курир, Стајл Фајл ќе биде наменета за деца, ТВ ДР ќе биде емисија за здравство, а К1 ќе биде музичка емисија.

Каролина токму доби повик да биде дел од музичката програма на К1 телевизија, а таа овој момент го овечковечи со неколку фотографии од снимањето.

„Наскоро нова музичка телевизија к1 фала колега Жељко на покана“ напиша македонската пејачка.

фото: принтскрин/инстаграм/каролинагочева

Од друга страна, и самиот Жељко на својот „Инстаграм“ се пофали дека по неколку месечни подготовки започнале со снимања на светското музичко шоу.

фото: принтскрин/инстаграм/каролинагочева

Останати вести од Радио Милева