Радио Милева
природно си е природно

Каролина блеска и кога есента царува: Многумина би дале и повеќе од „две лири“ за да изгледаат вака (ФОТО)

Каролина блеска и кога есента царува: Многумина би дале и повеќе од „две лири“ за да изгледаат вака (ФОТО)

Македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева е вистински феномен кога е физичкиот изглед во прашање. Нејзе годините не само што ништо не и можат, туку со секоја нова, таа изгледа се поубаво, поотмено, пограциозно, поприродно… И тогаш кога не е дотерана како за на сцена, кога е на прошетка, во природа, македонското девојче знае како да се вклопи во амбиентот, да се стопи со својата убавина во пределот во кој престојува.

Есента можеби за многумина и не е омиленото годишно доба по опуштањето, одморите и спомените од летото, но за неа есента е како создадена за да ја истакне својата природна убавина.

Се рабира изборот на нејзините ментори или спонзори, како сакате кога е облеката во прашање ја надополнува нејзината вклопеност во жолтеникаво-зелениот есенски пејсаж, во кој многумина би дале и повеќе од „две лири“ за нивната убавина да изгледа така сплотено со природата.

Но, очигледно против мајката природа не се може. Или ти дала и не… Естетските корекции се во доменот на народски реченото: „со сила убавина“, која кај „македонското девојче“ ја нема. Нејзе убавината очигледно и е од Бога дадена, па Каролина блеска и кога есента царува!