Радио Милева
секси панорама

Карлеуша во „предна танга“ прати нова разгледница од Малдиви: Девојката од островот го погажа брегот… оној, „венериниот“! (ФОТО 18+)

Карлеуша во „предна танга“ прати нова разгледница од Малдиви: Девојката од островот го погажа брегот… оној, „венериниот“! (ФОТО 18+)

Јелена Карлеуша се’ уште ужива во магијата на Малдивите. Егзотичните острови како да и будат инспирација за нова еротска имагинација на српската поп-фолк дива, па русокосата секојдневно постира се поразголени и попровокативни фотографии.

Секако дека Карлеуша има и што да покаже и со што да се пофали кога се телесните атрибути во прашање, а нејзината сексапилност ги доведува обожавателите до ниво на лудило! Нејзината најнова еротска пасторала дури и ги минува границите на еротиката, зашто „слатката мала“ по малку навлезе и во водите на приказните за возрасни.

Бујните гради и огромната задница прекриени само со едно тенко крпче и некако ќе минат во „границите на пристојноста“, ама нејзината „предна танга“ на дводелното леопард или црно бикини како да ја минува границата на пристојноста, иако кај следбениците на социјалните мрежи ја покачи дозата на адреналинот  до максимум!

„Девојката од островот“ напишала Карлеуша во најновиот поздрав од Малдиви, каде на последната фоторазгледница е потпрена на палмата, а под палмата секси панорама на која се наѕира брегот… Оној, венериниот, на дивата!

Загрижените моралисти, душегрижници, мајки, стринки, тетки и баби веќе реагираат на социјалните мрежи: „Па таа е мајка на две не така мали деца, треба да внимава, како не и  срам…“!

Ама пејачката очигледно „пет пари не дава“ за нивниот морал, па со нови фотографии од плажата, во вода, крај брегот или базенот… на своите следбеници продолжува да им го разубавува денот!