Радио Милева
српска дива - албанска креаторка

Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“ покажувајќи дека задникот не и е фотошопиран, откри и нешто друго: Српската фолк дива носи креации на модна креаторка од Косово!

Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“ покажувајќи дека задникот не и е фотошопиран, откри и нешто друго: Српската фолк дива носи креации на модна креаторка од Косово!

Јелена Карлеуша е дефинитивно по многу што единствена и оригинална, но во исто време и контроверзна, скандалозна и непредвидлива.

На последнот снимање на „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша не само што беше како и до сега, дел од жирито зад пултот, туку во еден момент стана за да покаже и докаже, а со тоа и даги демантира сите злобници и хејтери кои тврдат дека тааво природа воопшто не изгледа така како на споделените фотографии на Инстаграм. Односно дека Карлеуша наголемо ја користи помошта на фотошопот, па сето она што изгледа совршено на нејзиното тело, е всушност само вешта компјутерска измама, зашто ниту еден дел на телото, вклучувајќи го и нејзиниот голем, заоблен задник не и е така убаво обликуван и стегнат!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Затоа Крлеуша излезе на сцената каде настапуваат талентите и се прошета по неа, покажувајќи дека хетрите не се во право, туку со право го заслужуваат само своето име: „мразачи“! Овој пат русокосата се прошета во чудна креација, црн комбинезон сосема отворен однапред, подзатегнат со исшнирани врвки, со, односно без една ногавица, поточно со една сосема гола нога!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

И додека белградската „мала од скандала“ ја докажуваше веродостојноста на својот „природен изглед“, всушност откри уште нешто, што малкумина го знаеа. Имено, Карлеуша споделувакјќи ги фотографиите и клипчињата од својот “кет вок“ по „Гранд“ сцената, откри кој ја облекува. Податок што веројатно шокираше многумина нејзини обожаватели, зашто малку кој очекуваше дека една од најпознатите српски пејачки ќе ја облекува Албанка?! И тоа модна креаторка од Косово!

Сепак, верувале или не, некои од екстравагантните креациите што ги носи на себе Карлеуша, вклучувајќи ја и оваа последнава ги изработила косовската модна креаторка Дона Матоши од Приштина.

И ако го отворите нејзиниот Инстаграм профил и погледнете во него ќе видите дека ова не е воопшто прв пат таа да соработува со српскат поп-фолк дива, односно дека Карлеуша поодамна ги користи и носи на себе некои од нејзините необични модни креации.

Како на ова ќе реагира српската јавност, обожавателите и особено хејтерите на Карлаеуша, допрва очекуваме да видиме.

Сепак едно е сигурно: Пејачката во креациите на косовската дизајнерка изгледа светски!

Фото: Инстаграм принтскрин