Радио Милева

Карлеуша се врати во Белград, новинарите ја чекаат пред врата(ФОТО)

Карлеуша се врати во Белград, новинарите ја чекаат пред врата(ФОТО)
Јелена Карлеуша рано утрово ( понеделник, 21 јануари, 2019) се врати во Белград, со ќерките Атина и Ника.
Пејачката допатува од Кина, каде што со децата беше кај сопругот Душко Тошиќ, по скандалот и секс аферата со Огњен Врањеш.
 Јелена на аеродромот Никола Тесла пристигнала во раните утрински ќасови со летот од Инстанбул, а за да ги избегне медиумите излегла на ВИП излезот каде ја чекале еден нејзин пријател и нејзиниот ПР – Зоран Бирташевиќ.
Нешто по 13 часот во нејзината куќа на Дедиње стигнал и нејзиниот братучед, кој не сакал да дава никакви изјави.
Како и да е, Јелена во текот на денот ќе мора да ја напушти вилата и да налета на новинарите кои трпеливо ја чекаат пред неа, зашто денес има закажано снимање на „Ѕвездите на Гранд“, зашто за претстојната сабота, продукцијата нема снимено емисија.
Фото: ATA Images и Никола Томиќ

 

Останати вести од Радио Милева