Радио Милева
празнична загатка

Карлеуша одново шокира: Цвеќето, подарок за Свети Валентин, заврши во контејнер!? (ФОТО)

Карлеуша одново шокира: Цвеќето, подарок за Свети Валентин, заврши во контејнер!? (ФОТО)

Јелена Карлеуша не престанува да води своја војна со себе, својот живот и сите околу себе. Откако за она што и се случи вината ја бара во сите освен во себе, виновни и се новинарите и медиумите, злобните колеги и колешки, љубоморниот швалер и сите останати што не го делат нејзиното мислење или на некој начин ги осудија нејзиното однесување и постапки.

Таа со најновиот фото пост на нејзините Инстаграм приказни одново ја шокираше јавноста. Меѓудругото, како што е познато денес е Свети Валентин, празник кој го слави западниот свет како ден на љубовта и вљубените, кој последнава деценија стана општо прифатен и кај нас, на Балканот.

А, кога се слави љубовта, тогаш се даваат и подроци. Токму на објавената фотографија на српската „скандал девојка“ се гледаат  4-5 букети со рози како фрлени завршиле во контејнер за ѓубре. Над нив скелет кој жонлира со нечии срца.

Асоцијација, скриена порака до некого или само излив на револт за се’ што и се случи? Што и да е, само Карлеуша знае!

Но, ако се проанализира подобро, скелетот како олицеторение на лошотијата и злото, жонглирајќи си игра со нечии срца… Тогаш и на подарокот од злото за Свети Валентин, местото му е во контејнер!

Единствено останува нејасно прашањето: Од кого е подарокот за фолк дивата? Ако успеете да одгатнете, се’ ќе ви биде јасно!