Радио Милева

Карлеуша од Дубаи прати поддршка до водителката на „Пинк“

Карлеуша од Дубаи прати поддршка до водителката на „Пинк“

Водителката  на „ТВ Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ  која утринава доживеа тешка сообраќајна несреќа моментално се наоѓа во операциона сала каде што лекарите се обидуваат да и ја спасат раката.

Нејзините колеги од новинарството, како и многу други јавни личности преку социјалните мрежи и порачаа да биде силна.

„Драга Деа, издржи, со тебе сме! Ти посакувам брзо оздравување“ напиша Неда Украден.

„Вака се сликавме пред две недели. Сакам тоа да го повториме за две недели. Деа издржи. Те сакаат Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ“ напиша нејзиниот колега.


Поддршка стигна и од Јелена Карлеуша која од Дубаи порача да биде силна.

FOTO: PRINTSCREEN/INSTAGRAM

За потсетувае, автобусот кој тешко ја повредил водителката Деа Ѓурѓевиќ  претходно излизгал, поради што возачот целосно ја изгубил контролата зад воланот. Автобусот на линијата 78 според изјавите на возачот наишол на лизгав коловоз, бидејќи имало пукната цевка, од која се излеаната вода подзамрзнала.