Радио Милева
како друга личност

Карлеуша не бира зборови кога ги коментира кандидатите во „ЅГ“, а сега Сања Тодоровиќ откри каква е како личност

Карлеуша не бира зборови кога ги коментира кандидатите во „ЅГ“, а сега Сања Тодоровиќ откри каква е како личност
фото: бојан петрушевски/creative.photographymk

Во регионалното музичко шоу и оваа сезона има неколку македонски кандидати кои се издвојуваат и секојпат го воодушевуваат жирито.

Една од нив е Сања Тодоровиќ која со нејзиното последно појавување предизвика лавина од коментари што поради својата изведба, што поради вишокот на килограми.

Тодоровиќ со своите шест гласа директно помина во следниот круг.

Македонската кандидатка деновиве имаше слободно време, па на „Инстаграм“ им постави задача на нејзините следбеници да напишат некои претпоставки за неа.

Така, некој од следбениците  напиша: „Дека Јелена е преубава на пробите“, а Тодоровиќ одговори: „Точно, и прекрасна личност“.

фото: принтскрин/инстаграм

На прашањето дали некогаш ќе влезе во реално шоу, македонското девојче одговори: „Никогаш“.

фото: принтскрин/инстаграм

Инаку, често се коментира дека иако Карлеуша е сурова кон кандидатите, во приватноста е како друга личност и дека е премногу човек.

Ова сабота на Канал 5 телевизија, ќе може да го видите настапот на Сања Тодоровиќ во петиот круг, а како што напиша на социјалните мрежи ќе биде нешто невидено досега.

Останати вести од Радио Милева