Радио Милева
лични навреди или ништо лично?

Карлеуша и Поповиќ опасно се „препукуваа“ на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“: „Срце мое ќораво и душо моја цицлеста“… (ФОТО)

Карлеуша и Поповиќ опасно се „препукуваа“ на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“: „Срце мое ќораво и душо моја цицлеста“… (ФОТО)
Претстојното издание на музичкото талент  шоу „Sвездите на Гранд“ веројатно ќе биде емисија во кој членовите на жирито до сега најмногу се навредуваат едни со други и тоа на лична основа.

Како и секогаш, судирите беа поврзани со гласањето за кандидатите, па и овој пат, пердувите летаа меѓу Саша Поповиќ и Јелена Карлеуша. Двајцата се испонавредија, кој како стигне.
„Не знаев  Јелена, дека ги пееш и овие лимонади“ –  и рече Саша на пејачката, а потоа таа го уште пониско „му спушти“: 

„Ова не е лимонада, срце мое ќораво, туку ова е најголемиот грчки хит“ – му возврати Jелена Карлеуша асоцирајќи на тоа дека саша носи очила за вид.

Сепак, „боцкањето“ не заврши тука, бидејќи Поповиќ продолжи да и се спротивставува на Карлеуша.

„Душо моја цицлеста, ова е за мене лимонада, верувај ми…“ –  и рече Саша, алудирајќи на нејзините природно мали гради, надувани со огромни силикони и насмеа многумина во студиото.

„Тој со оваа песна  заработи скоро исто толку пари колку ти овде со Гранд“ –  се трудеше да му објасни Карлеуша.

Иако „препукувањето“ беше жестоко, никој од нив на крајот не се налути, а фокусот на шоуто се префрли на другите кандидати.

Останати вести од Радио Милева