Радио Милева
вов врска со инфлунсерка?

Карлеуша е минато: Oгњен Врањеш има нова девојка?

Карлеуша е минато: Oгњен Врањеш има нова девојка?
фото: инстаграм

По долго медиусмко препукување, босанскиот фудбалер Огњен Врањеш претходната година одлучи да ги повлече тужбите против Јелена Карлеуша.

На многумина тоа им беше чудно затоа што многу се пишуваше за нивната љубовна афера.

Меѓутоа, наводно фудбалерот сега има нова девојка, односно е во врска со 31 годишната сплитска инфлуенсерка Ивана Јелошник.

фото: принтскрин/инстаграм/ивеиве

Судејќи според Инстаграм, цветаат симпатиите помеѓу Огњен и Ивана Јелошник. Покрај размената на коментари и меѓусебното следење, споменатиот медиум посочи дека Ивана на почетокот на февруари го посетила Огњен во Белгија каде што игра.

Иако инфлуенсерката секојдневно е активна на социјалните мрежи, таа не споделува детали од нејзиниот приватен живот со своите следбеници.

фото: принтскрин/инстаграм/ивеиве

Инаку, Врањеш кон крајот на претходната година последен пат проговори за Јелена Карлеуша.

„Ништо не би и рекол, само ќе поминам покрај неа. Мизерна и очајна. Таа е навикната да им се заканува на сите, јас не знам како луѓето ја трпат. Јас не познавам никој кој таа го навредила, а тој да и се спротивставил. Веројатно мислила дека нема ни јас. Не постои човек на светот на кој нема да се спротивставам доколку сум во право“, изјави Огњен.

фото: Инстаграм

Потсетуваме, пред две години како бомба одекна веста дека Јелена Карлеуша имала љубовна афера со Огњен Врањеш, а во медиумите се појавија нејзини голи фотографии кои наводно ги праќала на фудбалерот. Карлеуша ги демантиршае овие пишувања и поднесе тужби против српските медиуми.

Останати вести од Радио Милева