Радио Милева
стриптиз жири

Карлеуша дојде на снимање без гаќички во „Гранд“, па приреди „еротско шоу“ пред шоуто (ФОТО)

Карлеуша дојде на снимање без гаќички во „Гранд“, па приреди „еротско шоу“ пред шоуто (ФОТО)

Јелена Карлеуша, како да сакаше да го одвлече медиумското внимание од роденденот на  Огњен Врањеш, на кој пееше Цеца, а фудбалерот ги дуваше свеќичките на роденденската торта. Затоа белградската „скандал мала“, реши одново да ја шокира јавноста со нејзиниот изглед.

Имено пејачката вчера за време на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во толку провокативен фустан од кој јасно можеше да се види дека пејачката не носи долна облека. А кога Јелена не носи гаќички на јавен настап, јавноста со ококорени очи го чека секој нејзин потег, секој гест и  нејзино движење.

Русокосата најпрвин уште при излегувањето од автомобилот ги вжешти објективите на фоторепортерите додека се прошета до влезната врата.

Карлеуша потоа го започна своето модно- еротско „шоу пред шоуто“ во студиото на „Гранд“.

Манекенски „кетвок“ по сцената, безброј провокативни пози и голотија со која русокосата на тронот, ги качува и притисокот и тестостеронот.

Повеќе гола отколку облечена, Јелена Карлеуша повторно покажа дека смислена или случајна, провокацијата и е посилна страна од пеењето.

Прашањето е што е следно кај жената? Топлес или стриптиз на сцената?

 

Останати вести од Радио Милева