Радио Милева

Карлеуша бесна кон колегите: „Апелирам на здрав разум, аман!“ (фото)

Карлеуша бесна кон колегите: „Апелирам на здрав разум, аман!“ (фото)
фото:јелена карлеуша/принтскрин/инстаграм

Јелена Карлеуша беше меѓу првите што ги откажа претходно закажаните настапи во клубовите и сплавовите поради зголемениот број на заразени со коронавирусот. Сепак, многу нејзини колеги не го сторија тоа, тие сè уште настапуваат, што ја налути пејачката, па се огласи на Инстаграм и апелираше сите масовни собири да бидат откажани.

– Јас сум шокирана од сознанието дека некои пејачи продолжуваат да настапуваат во клубови низ целата земја, дека клубовите работат во оваа ситуација и дека е полно со луѓе без никаква заштита! Апелирам на здрав разум во ситуација кога луѓето умираат и кога вирусот се шири со брзина на светлината, да се откажат масовните собири. Сите ќе се заразат, најмногу млади. Болниците се преполни со млади луѓе со тешка клиничка слика! Има време за музика аман, тоа сигурно не е сега !, порача Јелена.

фото:јелена карлеуша/принтскрин/инстаграм/еспресо.рс

Патем, Карлеуша неодамна ја извести својата публика дека нејзините концерти и настапи нема да се случат сè додека не се стабилизира епидемиолошката состојба.

-Мо драги мои, и покрај огромниот интерес и распродадените концерти, решив дека сè уште е најдобро за мојата публика и за мене да ги одложам сите закажани датуми до моментот кога сите можеме безбедно да уживаме во моите песни и најдобра забава, напиша неодамна Карлеуша.

Останати вести од Радио Милева