Радио Милева
Неопходна алатка

Кардашијанки не можат да дишат без фотошоп: Овој пат Клои позираше топлес, а она што го коригираше на сите им „падна во очи“ (фото)

Кардашијанки не можат да дишат без фотошоп: Овој пат Клои позираше топлес, а она што го коригираше на сите им „падна во очи“ (фото)
фото:клои кардашијан/инстаграм

Сестрите Кардашијан се зависнички од алатката за обработка на фотографии, фотошоп, и секоја од нив досега ја критикуваа дека не објавува ниедна фотографија без да помине на обработка.

Ријалити sвездата Клои Кардашијан (36) веќе во неколку наврати покажа дека не е вешта во користењето на Фотошоп. Таа повторно предизвика лавина коментари на нејзиниот профил со своите најнови фотографии на Инстаграм.

Промовираше американски бренд за облека. На една од фотографиите, позираше топлес, а беше фотографирана од аголот, сакајќи да ги издолжи нозете. Но, нејзините обожаватели веднаш забележаа дека таа всушност повторно погрешила во Фотошопот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Покрај тоа, тие ја прашале што се случува со нејзиното лице и ѝ посочиле како изгледа различно секој пат.

– Секојпат кога ќе го погледнам профилот на Клои Кардашијан на Instagram, ми изгледа поинаку од порано. Како изгледа истовремено црнка, латиноамериканка и бела жена? Не разбирам – ова се само некои од коментарите.

Коментарите за нејзиното уредување фотографии пред објавувањето не престануваат, иако неодамна се огласи на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

После фотографијата, која привлече внимание поради нејзините џиновски стапала, таа напиша дека не може да верува дека мора да се правда за тоа, додавајќи дека тоа не е грешка во програмата за уредување на фотографии.

Фановите во повеќе наврати ја мешаа со нејзината сестра Кендал Џенер (25) поради уредувањето фотографии која не заостанува многу зад Клои кога станува збор за грешки во Фотошоп.

Останати вести од Радио Милева