Радио Милева
„мунгос за кобрата“

Каракачанов за Слави Трифонов е „мало бебе“, ама ние ја имаме „вакцината“ за овој „вирус“: Игор Џамбазов бугарскиот „политички кловн“ го „стави в џеб“ уште пред 20 години (ВИДЕО)

Каракачанов за Слави Трифонов е „мало бебе“, ама ние ја имаме „вакцината“ за овој „вирус“: Игор Џамбазов  бугарскиот „политички кловн“ го „стави в џеб“ уште пред 20 години (ВИДЕО)

Изборите во Бугарија не донесоа ништо ново на политичката сцена за нас Македонците. Од истата таа сцена еден слезе,  а на неа се качи друг. Красимир Каракачанов со своите радикални ставови „го испуши  чибукот“, ама затоа „политичкото наргиле“ го грабна в раце, па  се заканува да го запоседне друг радикал по македонското прашање.

Каракачанов за Слави Трифонов е „мало бебе“. Познат како популарен ТВ водител, шоумен, музичар, пејач последниве 2-3 години Слави влета и во политиката изигрувајќи „политички кловн“, кој со својата умешност на манипулирање со масите, успеа да се наметне како важен политички играч, со својата новоформирана партија „Има таков народ“.

За време на предизборната кампања не даде ниту едно интервју, ниту пак дебатираше со политичките противници. Наместо тоа ги користеше социјалните мрежи за директна комуникација со гласачите, максимално користејќи ги своите манипулативни способности, во стилот на дружината од „Алан Форд“: „Ние ништо не ветуваме, па затоа и се’ исполнуваме“!

Се преставува како голем патриот играјќи на „етничка карта“, така што дури и на својата телевизија и даде име „7/8“, а  велат дека ужива и голема поддршка кај ромската заедница во Бугарија. Остана забележан неговиот став за прашањето во однос на Македонија и Македонците од 3. ноември минатата 2020 година, кога порача дека „бугарскиот предлог за Северна Македонија, да се признае јазикот и нацијата со признавање на бугарските корени е најдоброто што можат да го добијат“. Тогаш тој на македонските граѓани им постави прашање:

„Зошто, кога не нарекувате Цигани и Татари стоите во ред за наши пасоши и учите на нашите универзитети, доаѓате на татарското Црно Море?“

Слави Трифонов во стил на „циркуско-политички кловн“ речиси при секој свој настап кога се Македонија и Македонците во прашање, со сарказам, потсмев па дури на моменти и понижувачки се однесува, односно надмено настапува со божемна хумористична доза зад која се крие подмолно исмевање и презир.

Но, ова не е новото лице на новокомпонираниот бугарски „турбо-фолк“ политичар. Славеј Слави Трифонов таков е и таков бил отсекогаш. Уште пред 20 и кусур години, кога во неговото, тогаш многу популарно телевизиско ток шоу му гостуваа најпознатите бугарски, европски и светски ѕвезди од разллични области, меѓу нив во една прилика беше поканет и нашиот најпознат македонски шоумен, Игор Џамбазов.

И тогаш Слави дрско тргна да го „чепка Игор каде што најмногу боли“, арно ама нашиот Џамбаз не е ништо помалку „премачкан со сите бои“, особено оние „националните“, па како вистински македонски патриот му покажа на колегата дека е „вакцинирин“ и имун на  „отровните вируси“ кои излегуваат од устата на Трифонов.

Одмерено, интилигентно, културно, но доволно остро и ефектно „му го возврати ударот“, спакувајќи го „напуваниот“ Слави во „малиот џеб“, покажувајќи се како „македонски мунгос за бугарската кобра“!

Особено силна беше поентата на крајот од емисијата кога Игор во книгата на впечатоци му напиша посвета со која пред камерите, на негов терен „му ја плесна вистината в лице“ на Трифонов, за неразумните бугарски желби, неоставарени Санстефански соништа и вечни апетити да се посегне по туѓото, преставувајќи го како свое, кога е во прашање Македонија!

„Вашите успеси се и наши успеси, а нашите успеси се само наши успеси“ – му напиша тогаш Џамбазов. Се разбира и тогаш и сега и секогаш, гледано од агол на големобугарските апетити кон Македонија.

Целото шоу погледнете го подолу:

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/slavi_ttrifonov/igordzambazov

Видео: Јутјуб

 

Останати вести од Радио Милева