Изгледа дека во врската меѓу Канје Вест и Ким Кардашијан не цветаат ружи. Една од најпопуларните светски двојки наводно се скарале поради тоа што сака целото семејство да го сели во Чикаго.
Раперот и сопруг на Ким Кардашија на концертот во ЛА изјави дека се сели во родниот град.
-Сакам на сите да им кажам дека се враќам во Чикаго и никогаш не сакам назад, вели Канје пред публиката. Но, блиски извори велат дека Ким не се согласува со тоа.
-Ким целиот живот живее во Лос Анџелес. Тука и е целото семејство, пријатели, фризер, стилисти. Сака што целото семејство е заедно, вели близок извор и додава дека Ким е потресена од целата ситуација.
Инаку, Ким и Канје се во брак од 2014 година и се родители на 3 деца.
фото:GULIVER/GETTY…
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.