Радио Милева

„Канада е досадна, нека дојдат во Њујрок“: Мадона го нуди својот стан на Меган Маркл и Хари

„Канада е досадна, нека дојдат во Њујрок“: Мадона го нуди својот стан на Меган Маркл и Хари
фото: инстаграм

Мадона моментално се наоѓа на турнеја во Лондон, а своето одмарање во британската престолина го искористи за да им даде совет на Меган Маркл и принцот Хари.

Имено, поп иконата им порача на Меган и Хари да не одат во Канада бидејќи таму е многу досадно.

Не трчајте во Канада, таму толку е досадно. Ќе ви го дадам мојот стан во Централ Парк Вест. Има две спални соби. Има најдобар поглед на Менхетен. Неверојатен балкон. Мислам дека ова ќе биде најдобриот договор. И не, Бакингемската палата нема ништо во Централ Парк“ изјави Мадона во видеото кое го објави на својот „Инстаграм“.

За потсетување, Меган и Хари одлучија да се повлечат од кралските должности и да заминат во Канада каде што ќе живеат мирен живот.