Радио Милева

Калиопи повторно пееше од дома во живо на Инстаграм, а на гости виртуелно и дојде Милица Тодоровиќ (видео)

Калиопи повторно пееше од дома во живо на Инстаграм, а на гости виртуелно и дојде Милица Тодоровиќ (видео)
фото:инстаграм/принтскрин

Ако постоеше награда за најголема поврзаност на пејачка со фановите и чести непосредни средби со размена на разговори, подароци, договор за нова средба, тогаш дефинитивно ќе и припаднеше на Калиопи.

Дури и сега во време кога мораме да бидеме свесни за сериозноста на пандемијата и да седме дома, Калиопи е онаа што е најактивна во живо на Инстаграм.

фото:калиопи/инстаграм

Не само што им пее на своите бројни обожаватели, таа ги приклучува и да разговараат и барем на некоја минута да имаат позабавно поминато време.

На едно од нејзините вклучувања во живо, меѓу фановите се приклучи и пејачката Милица Тодоровиќ.

Што разговараа и како Милица и ја запеа на Калиопи „Македонско девојче“, погледнете од видеото во продолжение:

Останати вести од Радио Милева