Радио Милева

Како од филмовите на Дизни: Вака Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Нова Година и Божиќ (видео)

Како од филмовите на Дизни: Вака Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Нова Година и Божиќ (видео)
фото:инсатграм

За претстојните божиќни и новогодишни празници, првата дама на САД Меланија Трамп, во неделата навечер ја украси Белата куќа.

На празничното видео кое е објавено се гледа како Меланија ги мести последните декоративни детали.

На снимката која е објавена на интернет се покажува првата дама во капут, фустан и високи потпетици во истата боја, како разговара со волонтерите, кои ѝ помогнале да ја декорира резиденцијата.

Семејството Трамп се врати во Белата куќа во неделата откако Денот на благодарноста го помина на Флорида.

Оваа година Меланија се одлучила за лажен снег, ѕвезди и многу блескави елки.

Првата дама и нејзиниот персонал со месеци ја подготвувале декорацијата, а подготовките започнале уште летото, пренесува „Дејли Мејл“.

Останати вести од Радио Милева