Радио Милева

Како од бајка: Вака изгледаше прославата за првиот роденден на ќерката на Клои Кардашијан (видео)

Како од бајка: Вака изгледаше прославата за првиот роденден на ќерката на Клои Кардашијан (видео)
фото:инсатграм

Кога Кардашијан имаат повод за славење, тогаш забавите се на ниво, а луксузот е незаобиколен дел.

Забавата изгледала како сцена од бајка, со понија кои изгледале како еднорози, еден куп шарени балони и благи работи од сите видови, па дури и вештачки дим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by stormi (fanpage) (@stormisclip) on

Клои и малата Тру носеле дизајнерски свилени тоалети во иста боја, а на прославата бил и Тристан Томпсон, таткото на малата Тру, кој Клои го остави откако се откри дека ја изневерува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

На прославата биле речиси сите сестри Кардашијан-Џенер и нивните деца. Отсуствувала само Кендал, која, како што пренесуваат американските медиуми, била видена на популарниот фестивал „Coachella“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloe Snapchat (@khloesnapchats) on

Ќерката на Ким Кардашијан, Норт, се појавила во штикли на мајка си, кои не сакала да ги соблече.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloe Snapchat (@khloesnapchats) on

Снимките од луксузната прослава ги преплавија социјалните мрежи, а Клои сите подароци кои ги добила Тру, ги донирала во детска болница во Лос Анџелес.