Радио Милева
Минимализам во бело

Како од бајка: Аделина Тахири ја покажа детската соба на синчето (фото)

Како од бајка: Аделина Тахири ја покажа детската соба на синчето (фото)
фото:аделина тахири марков/инстаграм принтскрин

Детската енергија е посебна по својата моќ и неопределеност, а хармонијата и мирот во животот на најмладите, уредувајќи го нивниот простор носи посебен шарм и магија.

Крајот на месец август во 2018 годинана почна таа магија за албанската пејачка со скопска адреса, Аделина Тахири Марков. Таа се оствари во најубавата улога за една жена- стана мајка.

фото:аделина тахири марков/инстаграм принтскрин

Јон сега е потпораснато детенце за кое мама и тато опремија детска соба чиј ентериер пејачката го покажаа јавно одговарајќи на прашања од своите следбеници кои добија одговор и со фотографија.

фото:аделина тахири марков/инстаграм принтскрин

Во детската соба преовладува минимализмот во бело со луксузни детали кој целосно асоцира на мир и спокој од просторот каде расте Јон.

За потсетување, на почетокот на 2018 година популарната албанска пејачка Аделина Тахири го изговори судбоносното „да“ и заплива во брачните води со познат македонски адвокат.

Останати вести од Радио Милева