Радио Милева

„Како никој не ти кажал дека изгледаш како тетка“: Карлеуша удри по Пепита од Валандово, па ја испрати дома (видео)

„Како никој не ти кажал дека изгледаш како тетка“: Карлеуша удри по Пепита од Валандово, па ја испрати дома (видео)
фото: принтскрин/јутуб/збездегранда

Во последното саботно издание на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и дваесет и тригодишната Пепита Маринкова.

Пепита се претстави со песните „Загрли“ од Гоца Тржан и  „Ја за љубав нечу молити“ од Нина Бадриќ,  а кога ја започна изведбата на втората песна, Пепита доби паник тастер, но Саша Поповиќ врати со контра паник, па македонската претставничка продолжи да пее.

фото: принтскрин/јутуб/збездегранда

Таа не доби ниту еден глас од жирито, а Јелена Карлеуша има жестоки критики за Пепита за која кажаа дека има интересно име.

„Тоа е единствено нешто што е интересно. Пепита имаш 20 години, каде ти е младоста, енергијата, борбата, желбата за успех“  изјави Карлеуша за македонската кандидатка и додава:

фото: принтскрин/јутуб/збездегранда

„Твојата енергија е нула. Никогаш нема да бидеш ѕвезда. Како никој никогаш не ти кажал дека изгледаш како теткица, уморна од животот на своите 20 години, туку треба да грмиш и да покажеш дека ти е важно. Ако тебе не ти е важно, зошто на мене да ми биде важно. Беше досадна“,

Неда Украден која беше член гостин во жирито истакна дека ако некој има совест и одговорност, тогаш треба да има и трема.

„Само будалата нема трема и некој кој пее на плејбек“ изјави Неда, а веднаш се вмеша и Карлеуша велејки дека тремата не е оправдување.

фото: принтскрин/јутуб/збездегранда

„Стоп, стоп“ истакна Украден со цел да ја прекине кавгата, а тогаш Карлеуша брутално и одговори:

„Мени ни мојата мајка не ми велеше стоп“.

„Песната „Загрли“ ја отпеја без енергија која се стекнува со искуство“ појасни Неда која зад себе има богата и успешна кариера.

фото: принтскрин/јутуб/збездегранда

Пепита не помина во вториот круг, а дали ќе се појави во некоја од следните сезони останува да видиме.

Нејзиниот настап може да го погледнете во продлжение на видеото.

Останати вести од Радио Милева