Радио Милева
Експлозија од емоции

Како на филм: Туна со несекојдневно видео од моментот кога дознала дека повторно чека машко бебе (видео)

Како на филм: Туна со несекојдневно видео од моментот кога дознала дека повторно чека машко бебе (видео)
фото:туна сејдиу/инстаграм принтскрин

Албанската пејачка Туна Сејдиу неодамна на Интернационалниот ден на мајките на свет го донесе своето второ дете кое го доби името Зен.

Мама Туна се реши сите најемотивни моменти да ги објави јавно на социјалните мрежи и да ја покаже својта експлозија од емоции.

Но, редоследот беше малку поинаков…

фото:туна сејдиу/инстаграм принтскрин

Прво таа ги покажа моментите од породилната сала, а сега на нејзинот Инстаграм прфоил осамна видео на кое откри дека правела забава за откривање на полот на бебето, која се случила во месец ноември на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗧𝗨𝗡𝗔 (@tunasejdi)

Видеото изгледа како од филм, а авионот кој ги надлетува испушта сина боја означувајќи дека Туна ќе стане мајка на уште едно машко.

фото:туна сејдиу/инстаграм принтскрин

Инаку, Туна и сопругот Патрис, истот така музичар, го имаат синот Тиан кој овој месец мај наполни 4 години.

Останати вести од Радио Милева