Радио Милева

Како манекенка од модна писта: Јана Бурче е ултра згодна мама во костим за капење (фото)

Како манекенка од модна писта: Јана Бурче е ултра згодна мама во костим за капење (фото)
фото:инстаграм/јанабурче

Слободно може да се каже дека таа е една од најзгодните млади мајки на домашната естрада.

Пејачката Јана Бурческа, или како што милуваат да ја наречат, Бурче, гледачите на Македонската телевијата имаат можност да ја гледаат во едно сосема поинакво светло, односно како водителка – улога во која одлично се снаоѓа.

Почна како тинејџерка на шоуто „Македонски идол“ каде одлично се промовираше пред публиката, потоа продолжи со градење на своето име и музичка кариера, настапуваше редовно по фестивали, а ја дочека и Евровизија за да ја претставува Македонија.

фото:инстаграм/јанабурче

Потоа стана мајка и се препушти на семејството и мајчинските обврски.

Сега, најмногу ја гледаме на ТВ екраните како водител на музичката емисија „Стисни плеј“ каде постојано е во комуникација со колегите од естрадата. Освен тоа, таа и нејзиниот сопруг се почесто можеме да ги видиме на живи настапи под името „The music room“.

фото:инстаграм/јанабурче

Јана не е често активна со објави на социјалните мрежи кога е приватноста во прашање, но овој пат направи исклучок, па во екот на летната сезона покажа како изгледа во костим за капење.

Од приложеното се гледа дека Бурче е „мама ипол“!

Останати вести од Радио Милева