Радио Милева
телесна еволуција...

Како лик од жешкиот белградски асфалт од 90-ите: Ќе погодите ли кое е ова, денес многу познато македонско момче? (ФОТО)

Како лик од жешкиот белградски асфалт од 90-ите: Ќе погодите ли кое е ова, денес многу познато македонско момче? (ФОТО)

Предизвикот што стана еден вид помодарство на социјалните мрежи да се покаже како си изгледал пред една еценија или повеќе, го прифатија многу јавни и познати лица, па и тој…

И додека многумина на постираните фотографии од времето некогашно и сега ќе ги препознаете на прва, за него тешко дека ќе ви текне кој е, ако малку подобро и подолго не се загледате во фотографијата… А, можеби ни тогаш нема да знаете за кого се работи!?

Има тесна врска да речеме со некои од пејачите, како Тајзи на пример… Не е манекен, можеби помалку модел, кој сепак има голема врска со модата… не е ТВ водител иако имаше период кога секојдневно беше на телевизија како учесник, а подоцна и победник во едно од најгледаните реални шоуа.

Медиумите, особено интернет порталите и социјалните мрежи не го симнуваа од своите страници и написи, што заради сето претходно кажано, што заради неговната љубовна приказна исполнета со многу мистика и контроверзии со една негова колешка по она што обајцата го работеа – модното блогерство.

Ако се’ уште не ви паѓа на памет, кое може да биде момчето од фотографијата на која изгледа како ликовите од жешкиот белградски асфалт од почетокот на 90-ите, време е да ја погледнете споредбата – некогаш и сега за веднаш да ви стане јасно дека се работи за  кумановецот Дарко Петковски, познат како Дарко – Спејко кој стана познат по учеството и победата во реалното шоу „Големиот брат“ и врската со својата девојка, струмичката блогерка и модел, сексапилната Љупка Митрова.

Спејко го прифати предизвикот и ја покажа својата телесна „еволуција“…

Но, оној другиот, животниот предизвик го прифати многу порано, влегувајќи во авантура со разведена жена со две деца, која потоа прерасна во љубовна романса која  траешe се’ до нивното раскинување, по кое секој тргна по својот пат. Љупка се повлече од јавноста, избриша се’ што можеше да избрише, целото минато од социјалните мрежи, а Спејко влета во естрадно-(т)раперските води.

Останати вести од Радио Милева