Радио Милева

„Како излезени од пеколот“: Ова е најконтроверзниот настап на Евровизија, садо-мазо од најлошиот кошмар (видео)

„Како излезени од пеколот“: Ова е најконтроверзниот настап на Евровизија, садо-мазо од најлошиот кошмар (видео)
фото:принтскрин/јутјуб

Претставниците на Исланд во првата полуфинална вечер на 64-та Евровизија во Израел, дефинитивно засега го имаа најконтроверзниот настап.

Бендот „Хатари“, настапи со песната „Hatrio mun sigra“ и многумина остави со подотворена уста.

фото:принтскрин/јутјуб

Синџири, кожа, голотија и морничави покрети имаа на сцената, а не се сомневаме дека гледачите имале впечаток дека гледаат краток садомазо хорор филм.

Бидејќи Евровизија се одржува под слоганот „Dare to dream“ или „Осмели се да сонуваш“, овие претставници очигледно добро си ја сфатиле задачата.

фото:принтскрин/јутјуб

Инаку, и во моментот кога прогласија дека се пласирани во финале, претставниците на Исланд имаа студени лица без реакција.

Останати вести од Радио Милева