Радио Милева

Кајмакоски и Кристина се уште не се разведени, а еве што сега пишуваат српските медиуми

Кајмакоски и Кристина се уште не се разведени, а еве што сега пишуваат српските медиуми
фото:даниел кајмакоски/инстаграм

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски изминатата недела беше „распнат“ во српските медиуми поради наводното покажување на симболот на голема Албанија, за што тој децидно негираше дека само сакал да ги покаже лакираните нокти за потребите во шоуто „Твоето лице звучи познато“ каде моментално учествува.

Сега пак, како да стивна целиот тој скандал, па медиумите во регионот почнаа да пишуваат за пропаднатиот брак на пејачот со манекенката Кристина Димитриевска, информација која на српската јавност и беше непозната досега.

Откако се информираа што му се случува на Даниел на приватен план, фокусот го ставија на разводот. Даниел во соопштението кое го пренесува српски „Стори“ ја разреши „мистеријата“ и проговори за деталите околу крајот на бракот за кој вели дека се уште не е официјализиран со бракоразводната парница.

фото:инстаграм

-Кристина и јас не сме заедно веќе подолго време. Бракоразводната парница е во тек. Донесовме одлука да се разведеме затоа што сфативме дека тоа е најдобра опција за нас. Останавме добри пријатели и ќе настојуваме да бидеме што подобри родители на нашето дете. Поради него сме постојано во контакт. Нашите семејства се блиски пријатели и одамна знаат за разводот и благодарни сме им на поддршката која ни ја даваат. Овој период не е лесен за ниеден од нас, вели Даниел во соопштението.

Кристина пак, за македонските медиуми неодамна беше нешто подетална и откри дека паднала во депресија поради разводот.

– Кога сакаш, тешко го прифаќаш фактот дека не ви оди, дека не сте еден за друг. Во тој период не сакав да комуницирам со никој, се затворив сама во себе. Ми изгледаше како цел свет да ми се срушил на глава. По подолг таков период се изборив со болката која ми го уништи срцето – изјави тогаш  манекенката и додаде дека во борбата со депресијата и помогнало вежбањето.

фото:кристина димитриевска/инстаграм

– Поради професијата со која се занимавам, морав да продолжам со вежбање. Секој ден сум во теретана – изјавила таа.

фото:даниел кајмакоски/инстаграм

Инаку, Кристина Димитриевска моментално е во Албанија каде учествува на „Мис Глуб 2019“, натпревар за убавина, Даниел пак е окупиран со шоуто ТЛЗП, а неодамна откри и дека се преселил да живее во Србија.

Останати вести од Радио Милева