Радио Милева

Јоце Панов за првпат го покажа синот (фото)

Јоце Панов за првпат го покажа синот (фото)
фото: фејсбук

Македонскиот пејач Јоце Панов и неговата сопруга Марина на почетокот  на декември претходната година за првпат се реализираа во улогата на родители.

Имено, сопругата на Јоце, Марина на свет го донесе нивниот син за кој го одбраа синот Лука. Пејачот со овие среќни вести се пофали на социјалните мрежи истаканувајќи дека добил син.

Панов не е многу отворен кога станува збор за неговиот приватен живот, па така ретко на социјалните мрежи објавува фотографии од приватноста.

Иако некои од јавните личности веднаш споделуваат фотографии од своите деца, Јоце тоа го направи по неколку месеци.

Имено, деновиве тој на својот Фејсбук профил по нешто повеќе од четири месеци објави фотографија од синчето Лука.

фото: фејсбук

Објавата доби неколку стотици лајкови, а под неа се нижеа позитивни коментари за наследникот на пејачот.

За потсетување, Панов по десетгодишна врска во 2018 година заплива во брачните води со Марина Нацевска.

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева