Радио Милева

Јоце Панов за Панчо ДНК: „Не разбирам зошто сум му влегол во очи“

Јоце Панов за Панчо ДНК: „Не разбирам зошто сум му влегол во очи“

Пејачот Јоце Панов периодов е актуелен со спотот за песната „Љубовта денес победи“ кој го реализираше со сцени од денот на својата вечнчавка.

Како еден од најактивните изведувачи на домашната естрада, Јоце беше поканет како гостин во 1ТВ каде откри повеќе моменти од својата кариера, деталите од венчавката, но доби прашање и што мисли зошто не така ретко е на тапет од Фејсбук објавите на Панчо од ДНК.

„Не разбирам зошто сум му влегол во очи на Панчо. Можеби дека сум цело време актуелен. Јас сум човек што постојано работи. Не сум се сретнал лично со него“, одговори Јоце.

Во продолжение погледнете го целосниот разговор со тазе младоженецот.