Радио Милева

Јоце Панов стана татко за првпат (фото)

Јоце Панов стана татко за првпат (фото)
фото: фејсбук

Македонскиот пејач Јоце Панов претходната година стави потпис во матично и заплива во брачните води со неговата избраничка Марина Нацевска.

Свадбата се случи во еден познат скопски ресторан на која присуствуваа голем број на јавни личности, а главен забавувач беше пејачот Благоја Грујовски.

фото: фејсбук

“Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина,“ изјави  минатата година Јоце Панов за „Вечер“.

По свадбата, парот ужива во својата брачна идила, а сега пристигнаа и убави вести од домот на пејачот. Јоце и Марина вчераа за првпат станаа родители на  нивното прво дете односно син

Среќните вести на социјалните мрежи ги сподели пејачот кој откри дека неговиот наследник ќе се вика Лука.

фото: фејсбук

Под фотографијата на социјалните мрежи се нижеа само честитки за наследникот на пејачот, а редакцијата на вистина. ком.мк се приклучува кон честитките и убавите желби за малиот Лука.

Останати вести од Радио Милева