Радио Милева
танц со љубовта

Јелена Томашевиќ заради него во солзи го прекина концертот: Моќта на емоциите (ФОТО)

Јелена Томашевиќ заради него во солзи го прекина концертот: Моќта на емоциите (ФОТО)

Јелена Томашевиќ вчеравечер, 14 март 2019 година  одржа голем концерт во преполната сала на белградскиот „Сава центар“, кој, покрај врвното музичко- сцебнско доживување, од самиот почеток беше полн со емотивен набој, што уште сжпо првата песна, публиката со овации ја пречека една од најдобрите пејачки од регионот, која им возврати со речиси тричасовен музички спектакл.

Голем број на познати личности  во првите редови уживаа во овој концерт, а еден од најубавите моменти беше кога сопругот на Јелена, актерот Иван Босиљчиќ, се качи на сцената и танцуваше заедно со неа на песната “Златен ден”. Публиката овој романтичен гест го поздрави со огромен аплауз, но емоциите кулминира во мигот кога Јелена “акапела”, ја пееше песната “Јаре мое”.

Целиот Сава Центар стана на нозе и ја почести со аплауз кој траеше речиси десет минути, а релиси и да немаше  лице кое во тоа време не заплака.  И самата Јелена не можеше да ги задржи солзи, велејќи дека никогаш досега нешто слично не доживеала.

Фото: Горан Славниќ

Останати вести од Радио Милева