Радио Милева
Однесено со виорот

Јелена Спенџарска за малку ќе останеше само по гаќички среде Скопје: Кој и го крена фустанчето на водителката? (ФОТО)

Јелена Спенџарска за малку ќе останеше само по гаќички среде Скопје: Кој и го крена фустанчето на водителката? (ФОТО)

ТВ водителката на „Канал 5“ Јелена Спенџарска вчера среде бел ден се најде „во небрано“! Имено, како што е познато таа како и повеќето ТВ лица, секојдневно на ТВ програмата можете да ја видите облечена во различна гардероба! За таа цел, Јела катаден оди кај своите спонзори од еден познат скопски бутик да се промени за емисија во поинаква руба.

Арно ама понеделнички на Спенџарска и се случи пех! Со кесичката в рака водителката тргна низ центарот на метрополата, кога ја задеси невреме.

Силниот ветер кој на моменти дуваше и со брзина од 95 км на час, и создаде неприлики, заканувајќи се да и го крене фустанчето, па долгоногата беровка да ја остави само по долна облека.

Арно ама, вита Јела не дозволува секој да ја разголи, а најмалку силите на природата, па и самата собра сила да се брани. Држ’ – не давај, однапред, одзади, со една, со две раце… едвај некако успеа да го  додржи фустанчето, за да не и биде однесено со виорот!

Дунав – не иде, ама ураган, за малку што не дувна …

Да погинеш – нема исто така, ама дека Спенџарска ќе „умреше од срам“ ако ветерот ја оставеше само по гаќички среде Скопје… А , малку фалеше! Вака, колку можеше – се спаси!