Радио Милева
осознаена

Јелена Спенџарска се пронајде себе си во љубовта… откако остана без неа! (ФОТО)

Јелена Спенџарска се пронајде себе си во љубовта… откако остана без неа! (ФОТО)

Познато е дека водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска љубовниот живот го крие како змија нозете. Со години е јавна личност на ТВ екраните, а освен тоа и  „кисне“ на социјалните мрежи, ама на нив досега покажа се’ освен… својата посилна половина!

До душа во јавноста осамнаа  една – две афери за љубовниот живот на водителката, како онаа со фотографиите што се совпаѓаат од викендичките во Боровец со извесен Абдија Асани...

Или приказната со брачната понуда за Спенџарска од  Марјан Трајчев, овчарот од штипско Пухче, но сето тоа остана или во доменот на недокажаните претпоставки или само забава за народот!

Спенџарска и натаму официјално е „соло“, иако секому е јасно дека она што јавно се прикажува најчесто нема врска со она што навистина се случува во приватниот и љубовниот живот. Некои тоа го нарекуваат неискреност, некои, како и самата таа – приватност!

А токму во таа приватност барајќи ја љубовта на својот живот, најчесто луѓето се губат себе си… На Спенџарска и се случило токму обратното. Водителката се пронајде себе си во љубовта… откако остана без неа. Како? Самата ќе ви раскаже:

„Запознав еден дечко. Многу ми се допадна и полека почнав да сакам се што сака и тој. Сакав одлуките да бидат едноставни, па така почнав да се согласувам на секоја негова идеја. За многу брзо време не знаев дали ЈАС сакам нешто или НИЕ сакаме нешто . И така почнав да се губам себе си. Всушност, не се изгубив во буквален превод (иако така изгледаше) Тука бев, но зборовите како да не беа мои. Се лутев за ситници, се ме нервираше, немав нерви за ништо. Мислев дека полудувам. Почнав да ги менувам зборовите. Почнав искрено да зборувам и тоа го збуни. Тој беше навикнат јас да се согласувам се се што ќе кажеше, па не можам да го обвинам што не можеше да ме препознае. Зборувањето, искрено ми дојде многу убаво. Како да правиш нешто големо. Некако на почетокот тоа не беше премногу изразено ,но како добивав самодоверба, зборот ми стана моќен.
Секако дека се плашев. Се плашев да го изгубам неговото одобрување, се плашев од тоа дека ќе сфати колку малку имаме заедничко и нема да му се допаѓам повеќе. Но, доста ми беше да се чувствувам изгубено и веќе имав одлучено дека морам да го надминам тој страв. Колку и да ми беше тешко си реков дека е многу подобро тој да не ме сака отколку јас да не си се сакам. Не сакам повторно да се чувствувам изгубено,празно или збунето. Сакав да знам дека сум тука за себе и стојам зад секој мој збор.
И така се пронајдов себе си… !“

Останати вести од Радио Милева