Радио Милева

Јелена Розга конечно се мажи… Го дочека својот најубав ден! (ФОТО+ВИДЕО)

Јелена Розга конечно се мажи… Го дочека својот најубав ден! (ФОТО+ВИДЕО)

Хрватската поп дива Јелена Розга, неодамна ја промовираше новата песна и видеото за неа насловена „Најубав ден“…

По раскинувањето на врската со Стјепан Хаусер од „Ту Челос“, за која сите претпоставуваа дека ќе заврши со брак, изгледаше како Розга да нема намера да влегува во нови љубовни авантури…

За разлика од неа, бившиот и набрзина „се фати“ со својата колешка, убавата пијанистка со узбекистанско потекло Лола Астанов, па не чекаше долго и минатиов Велигден ја побара нејзината рака.

Розга официјално, прибрано ја поднесе свршувачката на својот бивш „сакан“, но добро упатените сепак тврдат дека ниту оддалеку не и било сеедно.

Затоа излегувањето на последната песна и видеото за неа со наслов „Најбољи дан“ не случајно било темпирано во истиот период, а стиховите на баладата и белиот фустан од тантела налик на венчален, се само случајност или намерана асоцијација на хрватската поп дива за она што требало приватно да и се случи?!

Така, Јелена Розга свадба не правеше, ама сепак свадба и се случи… А на неа, уште еднаш случајно или намерно, испадна дека наскоро ќе се мажи… Барем ако им се верува на обичаите!

Имено, таа деновиве присуствуваше како гостинка но и како изведувач кој ќе ја збогати свадбената веселба на Ивица – бас гитаристот на нејзината придружна група. И како што е редот, доаѓа моментот кога невестата го фрла бидермаерот, па која од немажените гостинки на свадбата ќе го фати букетот, следна е на ред за мажење! А бидермаерот овој пат, случајно или намерно, заврши токму во рацете на Розга… Епа, невесто… Нека ти е со среќа… претстојниот „најубав ден“!