Радио Милева
брутално искрена

Јелена Карлеуша жестоко го искритикува кандидатот во „Ѕвездите на Гранд“: „Се облекуваш како фотелја“

Јелена Карлеуша жестоко го искритикува кандидатот во „Ѕвездите на Гранд“: „Се облекуваш како фотелја“
фото: принтскрин/инстаграм/керлеушастар

Јелена Карлеуша важи за некој кој нема влакна на јазикот и секогаш го кажува своето мислење, а особено тоа го покажува во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“  во кое речиси секогаш е брутално искрена.

Така и беше во последната емисија кога го искритикува кандидато на Ана Бекута.

Имено, во дуел беа Алекса Петрески чиј ментор е Мили, и  Маријан Грачанин чиј ментор е Ана Бекута.

„Мене Грачинин ми е супер, и да правам некоја забава или прослава ќе го викнам овој човек да ми пее“, изјави Јелена, па продолжи:

фото: принтскрин/јутуб

„Навистина си супер. Но, твоето облекување  е скандалозно. Тоа е за наша црна иднина. Се облекуваш како фотелја“, изјави Јелена.

Кандидатот не остана должен, па веднаш и врати:

„Јелена, по прележена корона се здебелив 12 килограми, ми кажеа дека морам се да јадам…“ изјави Грачнин .

фото: принтскрин/јутуб

„Ти си единствен кој се здебели 12 килограми, што јадеше човече? Слушнав дека од короната се губи барем 15 килограми“, изјави Шерифовиќ.

Инаку, Маријан помина во следниот круг.

Останати вести од Радио Милева