Радио Милева

Јелена Карлеуша за првпат се огласи на Инстаграм по смртта на нејзината мајка (фото)

Јелена Карлеуша за првпат се огласи на Инстаграм по смртта на нејзината мајка (фото)
фото:инсатграм/јеленакарлеуша

Во неделата од изминатиот викенд на 61 годишна возраст почина Дивна Карлеуша, мајката на познатата српска пејачка Јелена Карлеуша.

По тажната вест Јелена ја немаше на социјалните мрежи, а денес за првпат таа објави фотографија на својот профил со известување за комеморацијата и погребот на нејзината мајка.

-Со болка и очај ги известуваме сите кои ја сакаа и почитуваа нашата Дивна дека комеморацијата ќе биде одржана во Белград во зградата на Радио Белград(Камерна сала) во среда 6. Март во 11 часот. Погребот на нашиот добар ангел ќе биде на Новите бежански гробишта истиот ден 6. Март, со почеток од 14.30 часот. Неутешното семејство, гласи објавата на Јелена.