Радио Милева

Јелена Карлеуша тајно го снимаше Душко Тошиќ – eве што прави фудбалерот кога мисли дека никој не го гледа

Јелена Карлеуша тајно го снимаше Душко Тошиќ – eве што прави фудбалерот кога мисли дека никој не го гледа
фото: Инстаграм

Поради епидемијата со коронавирусот, фудбалерот Душко Тошиќ своето време го поминува заедно со семејството во вилата на Дедиње.

Тошиќ се труди да ја одржува кондицијата и во домашни услови, а за таа потреба се качи на собен велосипед и ја запеа песната „Се би дала да си ту“ од Драгана Мирковиќ.

Јелена го забележа овој момент со својот мобилен телефон и го објави на социјалните мрежи. Меѓутоа, таа го снимаше сопругот без негово знаење, а кога тој забележа дека го снима веднаш и кажа да престане да го прави тоа. Видеото може да го погледнете тука.

Карлеуша исто така покажа колку е вешт и нејзиниот сопруг во кујна, па во  кусите приказни на „Инстаграм“ објави како тој подготвува плачинки, а со овие снимки и стави крај на шпекулациите дека нејзинот брак е во криза. Со оглед на тоа што во српските меидуми често се појавуваа гласини за кризата во бракот на парот, ЈК сега им порача дека ќе бидат на поголема мака од короната.

фото: Инстаграм

Останати вести од Радио Милева