Радио Милева
емотивна

Јелена Карлеуша со емотивна порака на годишнината од смртта на Дивна: „Ќе ги затворам очите и тука си…“

Јелена Карлеуша со емотивна порака на годишнината од смртта на Дивна: „Ќе ги затворам очите и тука си…“
фото: принтскрин/инстаграм

Денес, на 3ти март се полнат две години од смртта на некогашната радио – водителка и мајка на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша.

По тој повод,Јелена објави фотографија од нејзината мајка, а во описот напиша емотивна порака.

„Само ќе ги затворам очите и тука…ти го слушам гласот и сè е океј. Те сакам, не се грижи…“.

„Фотографијата е направена во болница ВМА, ја фотографирав преубава и насмеана додека одеше да прими хемотерапија. Примаше безброј хемотерапии, секогаш насмеана и никогаш никој да не види колку и е тешко. ….да не видам јас. Кој ја познаваше Дивна знае дека таква жена не може да се опише со зборови…а ова фотографија ја ставам за да луѓето видат колку е убава, мој борец, мојата љубов, мојот мир…Секој мој успех беше за неа, да биде горда…и секој следен ќе биде за неа“, напиша Јелена.

фото: принтскрин/инстаграм

Потсетуваме, Дивна Карлеуаша почина на 3 март 2019 околу 12 и 30 часот.

Останати вести од Радио Милева