Радио Милева

Јелена Карлеуша повторно не се појави на судењето со Огњен Врањеш

Јелена Карлеуша повторно не се појави на судењето со Огњен Врањеш
фото: никола томиќ

Во Првиот основен суд, денес во 13 часот требаше по трети пат да биде одржен обид за помирување меѓу Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш.

Меѓутоа, пејачката ни овој пат не се појави на рочиштето.  Врањеш во судот се појавил во 12 и 45 минути во придружба на адвокати, а пред судницата бил многу расположен.

фото: никола томиќ

На прашањето дали ќе се појави Јелена, тој одговорил:

„Не знам, прашајте ја неа“.

За потсетување, аферата Карлеуша – Врањеш започна пред неколку месеци кога во медиумите се појавија експлицитни фотографии од пејачката кои наводно ги праќала на фудбалерот.

Следното рочиште е закажано за 4 јули кога ќе се случи главниот претрес. Како што истакнаа адвокатите на босанскиот фудбалер следната покана за судењто на Јелена ќе и биде доставена од полиција, а таа тогаш ќе мора да се појави.

Останати вести од Радио Милева