Радио Милева

Јелена Карлеуша по долго време објави заедничка фотографија со Душко Тошиќ и стави крај на приказните за разводот

Јелена Карлеуша по долго време објави заедничка фотографија со Душко Тошиќ и стави крај на приказните за разводот
фото: Милена Ѓорѓевиќ

Од јануари претходната година постојано во медиумите кружат шпекулации и гласини дека Јелена Карлеуша се разведува од сопругот Душко Тошиќ.

Иако претходно пејачката неколку пати ги демантираше овие пишувања, во медиумите одново и одново се појавуваат гласини за бракот на популарниот пар.

Најновите шпекулации започнаа за време на Велигден кога Јелена на социјалните мржеи објави фотографии на кои позира со ќерките, а нема заедничка фотографија со сопругот.

фото: Инстаграм

Меѓутоа, пејачката сега се огласи на социјалните мрежи објавувајќи заедничка фотографија со сопругот и децата, а во описот на истата стави крај на приказните дека се разведува.

Таа истакна дека нејзиното семејство и нејзина работа и сите вести и информации поврзани со нив таа треба да ги соопшти.

„Манете се од мојот брак, маж, хороскоп, лажи. Моето семејство е моја работа. Ако некој треба да соопшти детали за мојот брак тоа сум јас бидејќи само јас ја знам вистината за мојот приватен живот“ напиша Карлеуша.

фото: Инстаграм

Останати вести од Радио Милева