Радио Милева
победничко јајце

Јелена Карлеуша не ги слави христијанските празници, ама сепак реши да го слави Велигден, заради оваа бизарна прична (ФОТО+ВИДЕО)

Јелена Карлеуша не ги слави христијанските празници, ама сепак реши да го слави Велигден, заради оваа бизарна прична (ФОТО+ВИДЕО)

Јелена Карлеуша објави неколку фотографии на кои ја покажа празничната трпеза за Велигден кој овој пат го прослави со своите ќерки Ника и Атина.

Иако сите знаат дека пејачката не ги прославува христијанските празници, таа сепак реши да го слави овој Велигден, а за тоа имала помалку необична, па дури и бизарна причина.

Имено, таа вели дека нејзините ќерки го сакале овој празник, зашто сакале да се кршат со неа со јајца. Она што е интересно е дека нејзината ќерка Ника секогаш е лута ако не победи, па Јелена и рече дека таа секогаш во нејзините очи е победник.

Тоа сепак не успеа да ја развесели малечката, па Карлеуша затоа и предложи на Ника да го земе јајцето што таа ќе и го одбере за кршење.

Но, нејзината ќерка тоа го одби и и’ кажа дека секогаш кога мајка и ќе и одбере јајце за кршење, таа губи, на што Карлеуша се изнервира па и возврати: „Леле, срам да ти е… Тоа не е вистина“!

Погледнете го видеото.