Радио Милева
Ким ја ископира Карлеуша

Јелена Карлеуша јавно и се обрати на Ким Кардашијан: „Знаеш дека те сакам, но ова едноставно не е фер“

Јелена Карлеуша јавно и се обрати на Ким Кардашијан: „Знаеш дека те сакам, но ова едноставно не е фер“
фото: Никола Томиќ/ Тањуг АП

Ким Кардашијан редовно ги користи социјалните мрежи, а на Инстаграм објави фотографија на која позира во розов – златен комбинезон.

Оваа објава ја виде Јелена Карлеуша и веднаш реагираше до познатата реалити ѕвезда.

Имено, Ким ја ископира Карлеуша односно облече иста модна комбинација како и српската ѕвезда.

Ваков ист комбинезон само во сина боја носеше и Јелена Карлеуша на 16 октомври 2020година.

„Ок, ова едноставно не е фер. Ова е мој сопствен дизајн. Знаеш дека те сакам…но дај ми барем некоја заслуга или прашај ме да работам со тебе. П.С Многупати лично ја дизајнирам облеката за своите настапи“, напиша Карлеуша и ја тагираше Ким Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Дали познатата старлета ќе реагира останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева