Радио Милева

Јелена Карлеуша едвај ги задржа солзите: Елена Миленковска со фантастичен настап во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Јелена Карлеуша едвај ги задржа солзите: Елена Миленковска со фантастичен настап во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
фото: принтскрин/курир.рс

Во првиот круг, Елена Миленковска доби критики за нејзиното пеење и грешки, меѓутоа Ана Бекута прифати да биде нејзин ментор.

Миленоковска во вториот круг се појави на сцената на „Гранд“ и со својата изведба го воодушеви жирито.

Таа се претстави со песните „Како после нас“ од Саша Ковачевиќ и „Извини се“ од Марија Шерифовиќ.

Додека Миленковска ја пееше „Како после нас“, со неа заедно пееше и Карлеуша која беше на работ да се расплачеше.

Елена доби вкупно шест гласови и помина директно  во следниот круг.

Жирито го пофали нејзиниот настап, а Јелена истакна дека има одлична дикција.

Инаку, Елена е од Скопје, а живее во Белград.

Како ќе се претстави Миленковска во следниот круг останува да видиме.

Дотогаш нејзниот настап погледнете го во видеото подолу.