Радио Милева
Не беше бајковито, но полека влеговме во рутина

Јелена Joванова заедно со сопругот и синот позираше за хрватски магазин: „2020та беше како сценарио од холивудски филм“

Јелена Joванова заедно со сопругот и синот позираше за хрватски магазин: „2020та беше како сценарио од холивудски филм“
фото: мартин трајновски

Македонската актерка со хрватска адреса на живеење, Јелена Јованова и нејзиниот сопруг Стјепан Периќ во јуни претходната година се реалзираа во улогата на родители и го добија синот Јаков.

Јелена не е толку резервирана за својот приватен живот, па одвреме – навреме знае да сподели некоја фотографија со новиот член на семејството.

Меѓутоа, сега семејството Јованов – Периќ позираше за хрватскиот магазин стори.хр, а во интервју открија како ги поминале првите месеци од родителството, на кого наликува синот, како се избориле со сите потешкотии во претходната година.

Јелена Јованова неодамна беше во Македонија каде заврши со снимањата на серијата „Преспав“, а на сетот друштво и правел синчето Јаков.

Таа откри по што ќе ја памети изминатата 2020та година:

„Да кажевте дека ова година беше како сценарио од холивудски филм, ќе ви одговорев дека претерувате, но ќе погрешев. 2020та донесе вистинска емотивна вртелешка, а на врвот на пиедесталот беше Јаков. Ќе имаме многу да зборуваме за годината во која е роден“, вели актерката и откри како изгледале првите месеци од раѓањето на наследникот.

фото: Роберт Гашперт/стору.хр

„Првите две, три недели беа напорни. Последици од породувањето, хормони, прилагодување….се тоа требаше да дојде на свое место. Не беше бајковито, но полека влеговме во рутина. Секој ден стануваше се полесен и позабавен“, вели Јелена, а нејзиниот сопруг се надоврзува:

„Многу ти зборуваат за бременост и породувањето, а потоа добиваш дете. Дојдовме дома, се гледаме и се прашувавме: И што сега? Беше стресно, но сега уживаме.

фото: Роберт Гашперт/стору.хр

Стјепан вели дека Јаков е ист како него, а Јованова откри какво бебе е нивниот син.

„Весело и насмеано бебе. Многу љубопитно. Тој од срце ја споделува својата насмевка со сите. Исти јас“, вели Јелена.

Потсетуваме, Јелена и Стјепан се запознаа во 2013 година на сетот за серијата „Тајна“, а се венчаа во 2015 година.

Останати вести од Радио Милева