Радио Милева

Јелена Јованова: „Мајка ми цел живот работеше во конфекција, а од мал учиш дека на газдите профитот им е побитен од здравјето на вработените!“

Јелена Јованова: „Мајка ми цел живот работеше во конфекција, а од мал учиш дека на газдите профитот им е побитен од здравјето на вработените!“
фото:јелена јованова/фејсбук

Сакале или не, за жал веќе се будиме и заспиваме со коронавирусот, а буквата „к“ автоматски не асоцира само на вирусот кој го колабираше светот.

Актерката Јелена Јованова ретко се активира на социјалните мрежи, но оваа ситуација ја натера како штипјанка, а и како ќерка на поранешна работничка во конфекција, да им се обрати на сопствениците на текстилни конфекции кои според неа повеќе мислат на пари, отколку на здравјето на вработените.

фото:јелена јованова/фејсбук

Растев во конфекциски град.Мајка ми (веќе во пензија) цел живот работеше во конфекција.
Ретко 8, најчесто 9,10,12,15 работни часа на ден. Од мал учиш како профитот на конфекционерските газди им е побитен од здравјето на вработените.
Денот го поминуваат стуткани една до друга, припиени до машините за шиење. Многу често единственото ‘сонце’ се сијалици зашто во некои од нив нема ни прозори.
Да не ја отвораме темата како немаат соодветен простор за ручек пауза, како стоејќи една до друга напикани во импровизирани ‘собчиња’ јадат и пак си дишат во врат!
Вирусот кој никако не треба да се потцени можеби врќе е на прагот во Штип.
Се надевам дека ЕДНАШ во нивниот живот газдите на конфекциите ќе бидат ЧОВЕЧНИ И СОВЕСНИ и ќе ги заштат своите вработени и себе си.
Една заболена работничка без претерување може да значи цел град!!!
Еднаш БАРЕМ ЕДНАШ не ја мерете длабочината на вашиот џеб туку неизмерната длабочина и убавина на солидарноста, на одговорноста што ја имаме едни код други како луѓе!, пишува Јелена на својот профил на фејсбук надевајќи се дека споменатите ќе сфатат дека во оваа ситуација сите сме исти!

Останати вести од Радио Милева