Радио Милева
Милениче кое не е за секој

Јавно му се заблагодари на деверот: Александра Пријовиќ доби несекојдневен подарок од Виктор Живојиновиќ (фото)

Јавно му се заблагодари на деверот: Александра Пријовиќ доби несекојдневен подарок од Виктор Живојиновиќ (фото)
фото:александра пријовиќ/инстаграм принтскрин

Пејачката Александра Пријовиќ на сите им покажа што доби од нејзиниот девер, Виктор Живојиновиќ, син на фолк sвездата Лепа Брена.

Имено, Пријовиќ доби желка од Виктор, и веруваме дека не секој би сакал да го има ова животно како домашно милениче.

– Ти благодарам, Виктор! – напиша кратко пејачката во описот на објавата која се најде на нејзиниот Инстаграм.

Инаку, семејството Живојиновиќ неодамна го славеше роденденот на малиот наследник Александар кој деновиве почнаа да го носат во градинка.

Останати вести од Радио Милева