Радио Милева
на ладење

Јанко – „Јади бурек“ покажа како си ги лади… и храни ова лето и телото и душата: Летната агенда на „вербалниот бурекџија“ (ФОТО)

Јанко – „Јади бурек“ покажа како си ги лади… и храни ова лето и телото и душата: Летната агенда на „вербалниот бурекџија“ (ФОТО)

Познатиот ТВ водител Јанко Илковски, познат по своето ТВ ток шоу „Јади бурек“ со кое се прошета по неколку телевизии и сега оди на локалната скопска ТВ „Сонце“, реши и него летово малку сонце да го огрее. Затоа Јанко си зема „малка почивка“ што би рекле комшиите од договорот за „добрососедство“, па и тој ова лето да го памти… Ако не по кој знае што, барем по тоа што не пресисал на жештините, кои до душа, како за инает  попуштија, дента штом Јанко реши да летува.

А, дотогаш најпознатиот „вербален бурекџија“ некако се снаоѓаше, па наоѓаше начин како да се разлади. Прво што му падна на памет, а веројатно и локациски најблизу – местото каде го прават можеби најдобриот слаоделед во македонската престолнина. Јанко тргна со целот семејство, а заврши сам. Прво следуваше негова навала како „дета на цреша“ на времето,  или „дете на Нутела“ – денес, а чувството на задоволштина толку неодоливо, што се случи и тоа: Јанко да јаде – никому да не даде. До душа, потоа дојде до „покајание грешним“, дали  за лична утеха или утеха на другите, ама сепак…

Откако ја олади душата „бурекџијата“ тргна да си го олади и телото… Ама пустото сонце пече, надвор 30 и кусур целзиусови,  а во автомобилот уште 10 згора на тоа.  Додека си седнал, веќе си стигнал до дома сварен… по цело тело! Освен ако не си Јанко, кој знае како да си ги разлади… И душата и телото! А, од каде ќе почнеш ако не од таму каде што ти е „најсварено“. Климата во автомобилот  ставена да лади и дува на максимум, а една цевка од стиропор  за миг ти го „менува животот“… Или барем расположението, па задоволството веднаш станува „пуштено на најјако“!

Стигаш дома, треба нешто да се руча, а во фрижидерот наоѓаш вакумирани ќебапчиња… Само да ги ставиш да се печет, пржат, што и да е… Арно ама, не е месо се’ што е ќебап. Јанко тоа го утврди од прва, веднаш штом ги зема в рака. Кај нас, изгледа дека се’ е „имитација живота?“ Од државата до ќебапчињата, па така и овие да ти биле диетални. Не ќебапчиња, туку вегапчиња… Храна за вегани. Можеби е здраво, ама не е тоа – тоа, сепак  се „копија“… А, како што е познато  и најдобрата копија е полоша од оригиналот!

Затоа Јанко се изнервира, па се собра и празничниот Илинденски викенд му ја летна на асли ладење покрај вода, на плажа… Ама само со умот, колку за „рефреш“ на спомените од пред којзнае колку години, кога и весниците се печатеа на хартија и не беа како сега – „виртуелни“, па да се читаат од телефон на плажа!

А можеби и подобро што е така, зашто кој знае дали „вербалниот бурекџија“ ќе издржеше да вози до Белото море со тоа цевката за ладење…?

Единствено штета за вилата со поглед на море што ја има… Летово му остана така, оставена среде плажа недопрена!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева