Радио Милева

Јана Стојановска се породи предвреме, а по два месеци тежок период излезе од болница и го покажа синчето (фото)

Јана Стојановска се породи предвреме, а по два месеци тежок период излезе од болница и го покажа синчето (фото)
фото:јана стојановска/инстаграм

Неодамна за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, младата актерка Јана Стојановска откри дека се породила предвремено во седмиот месец во бременоста, а кога и пукнал воденикот била во Романија каде нејзиниот сопруг, кошаркарот Андрија Бојиќ е ангажиран во клубот каде игра.

Кога зборуваше за „Бекстејџ“ се уште беше во Букурешт, а сега со спокојна душа и со синчето Ненад во рацете се врати дома.

фото:женски магазин

Актерката сега подетално откри што поточно се случило и низ какви маки минувале изминатите два месеци.

Ненад нѐ изненади сите, нѐ извади од кондури. Беше 31 август и јас се мислев каде да одам да се сончам дента додека е Андрија на тренинг. Сѐ уште беше лето, два месеци пред мојот термин. Сѐ уште не бев сигурна дали сакам да се породам во Романија или да се вратам во Скопје. Прсна водењакот, не бев ни сигурна што се случува, знам само си реков: „Многу е рано” и трк во првата болница што ни ја препорачаа од клубот. Морав да останам во болницата додека не ми се качат леукоцитите, не можевме да знаеме дали тоа ќе трае еден ден или еден месец“, ни раскажува Јана за „Женски магазин“.

фото:женски магазин

Бебето го доби името по нејзиниот татко, актерската легенда Ненад Стојановски, а приказната денес има среќен крај – наследникот е во рацете на мама и тато.

Останати вести од Радио Милева