Радио Милева

Јана Стојановска се породи и со солзи во очите откри дека докторите се бореле за животот на бебето (видео)

Јана Стојановска се породи и со солзи во очите откри дека докторите се бореле за животот на бебето (видео)
фото:јана стојановска/инстаграм

Македонската актерка Јана Стојановска стана мајка.

Таа се породила предвремено во Букурешт, во седмиот месец од бременоста, но денес по двомесечен болнички третман за предвремено родени бебиња, Јана и синчето се во добра здравствена состојба.

Јана за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ преку „Скајп“, откри дека поминала низ доста стресен период, но сега се надева дека се’ ќе биде како што треба.

фото:принтскрин/јутјуб

Инаку, таа роди машко бебе кое иако со сопругот планираа да носи друго име, се одлучиле да го добие името на нејзиниот починат татко, познатиот актер Ненад Стојановски.

Јана и малиот Ненад се уште се во Букурешт, а тазе мама вели дека ретко спие и е целосно предадена на мајчинството.

Погледнете:

Останати вести од Радио Милева