Радио Милева
ефектот е видлив...

Јана Стојановска јавно го покажа трудничкото стомаче, останува да го обзнани полот и името на бебето (ФОТО)

Јана Стојановска јавно го покажа трудничкото стомаче, останува да го обзнани полот и името на бебето (ФОТО)

Во една од минатите објави на наВистина.ком.мк објавивме дека македонската актерка Јана Стојановска е среќно вљубена, а љубовта со кошаркарот на МЗТ Андрија Бојиќ резултираше со нараснато трудничко стомаче.

Јана топлите денови реши да ги искористи па замина да се опушти на плажа, каденормално  се разголи во бикни за да го сонча  трудничкото стомаче. Како активен корисник на социјалните мрежи, актерката постави фотографии од кои покажа дека ужива во бременоста.

Тогаш умешно го криеше „набабреното меше“, ама овој пат фотобјективот јасно се фокусираше на местото каде се создава новиот живот.

Полот на бебето сексапилната Јана се’ уште не го открива. Останува дилемата дали доколку биде машки ќе го го добие името кое се шпекулира – Микаил или можеби ќе го носи името на таткото на Јана, покојниот македонски актер Ненад Стојановски, останува да видиме?

Актерката е вече влезена во петтиот месец од бременоста, а свадбата велат е закажана во Белград, што можеби е најава како следна дестинација за заеднички живот на идната млада брачна двојка и идни родители.

Изборот веројатно би бил добар и заради идните кариери на младите – спортската на кошаркарот и актерската на глумицата, чија симулација на водење љубов сите можеа да ја видат во последната епизода од првиот дел на серијата „Сенки над Балканот“.

Но, во реалното љубовно шоу, сега само нејзиниот животен избраник. Впрочем ефектот е… веќе видлив!